Како да порачате | Ваучер - ЧПП | Гаранција | Методи на плаќање | Заштита на лични податоци | Рокови и испорака | ЧПП | Контакт | За нас | Маркетинг
Добредојдовте Посетителу!
Ве молиме најавете се или
регистрирајте се
E-mail
Лозинка
Ја заборавивте лозинката?
Детално пребарување
Барај: Барај
Skip Navigation Links
Артикли со видео презентација
Комбинирана количка VIP GEMMA
26600,00 ден.
Блендер сет ELIT SMI -29
1990,00 ден.
Погледнете кој е изборот на Мегастор
Маркетинг

Интернет просторот се потврди како новиот рекламен канал кој што ги зголеми своите корисници во текот на изминатите години скоро два пати. Последните проценки покажуваат приближување до бројката од 600 000 интернет корисници во Р. Македонија до крајот на 2009-та година.

Megastore.com.mk е првиот македонски сајт наменет за трговска дејност и интернет продажба. – МАГАСТОР д.о.о.е.л. е новоформирана компанија создадена од млад тим на луѓе, професионалци од областа на ИТ светот, Маркетингот и Бизнис анализата. Тим кој веќе стои зад повеќе успешни проекти во Р. Македонија.

Megastore.com.mk  е проект на кој до овој момент се работи веќе една година. Страната е креирана после детална анализа на најдобрите десет светски страни за интернет продажба, анализа на можностите на Македонскиот пазар, детални статистички анализи во Македонија и околните пазари, анализа на психологијата на интернет купувањето и консултации со компании кои веќе се успешни во интернет продажбата надвор од Македонија. Истата е адаптирана за потребите на Македонскиот пазар т.е. пазар кој сметаме дека со овој проект конечно ќе ја почувствува моќта на интернет купувањето.

Мотото на фирмата е да ги разбереме нашите клиенти, нивните потреби, размислувања и желби. Тоа разбирање ни помага да доставиме брзо, лесно и удобно, оригинални производи со висок квалитет.

Сајтот располага со една од најинтересните таргет групи - клиенти:

1. Активна возраст

16-45 години - 90% од корисниците се во економски активна возраст. Неполнолетните се едвај една десеттина, а пензионерите – помалку од 1%. Половина од корисниците се во една од најатрактивните возрасни групи: 18-30 години.

2. Луѓе со примања кои се значително над средните примања во државата.

3. Потенцијални клиенти

Поради спецификата на сајтот, посетителите на www.megastore.com.mk се луѓе кои имаат потреба од одреден вид на производ, луѓе кои сакаат да изберат подарок на близок човек или сакаат да потрошат одредена сума на пари. Оние кои сурфаат на интернет, влегуваат во www.megastore.com.mk барајќи нешто конкретно, од кое имаат потреба и се спремни да го купат или, пак, да се информираат за техничките параметри и новости за производот што ги интересира, кои се во областа на техниката и она што е модерно. И го наоѓаат кај нас. Поголемиот дел од посетителите, многу пати се навраќаат во www.megastore.com.mk за да можат да ги видат новите производи и да се запознаат со промоциите кои што ги нудиме. За секој производ постои и дел наменет за меѓусебна интеракција на клиентите, односно дел во кој можат да ги остават своите коментари за конкретниот производ, мислења или критики.

 Megastore.com.mk ги нуди следните видови на маркетинг:

1. Банер реклама
2. Рекламна порака во е-маил
3. SMS маркетинг
4. Претставување на производ на главната страна.
________________________________________________________________________

1. Банер реклама


Положбата на рекламните банери е покажано на слика Бр.1



                                                                     Слика Бр.1

2. Рекламна порака во е-маил.

Во сите службени е-маил пораки при регистрација, порачка на артикл  и други - Банер со размер 400х50.

3. SMS маркетинг

СМС маркетингот нуди уникатни можности за таргетирање на вашиот целен пазар и одлични можности за директно привлекување на вниманието на примателот на пораката. Бројот на корисници на мобилни телефони во Р.Македонија е значително голем и се повеќе комапании ги разбираат бенефициите кои може да се добијат со СМС маркетингот:

  • Промовирање на “brand awareness” преку наменски пораки и мобилна интеракција 
  • Зголемување на продажбата со периодично СМС рекламирање.
  • Генерирање на профили на корисници, следење на вкусовите на клиентите како што се менуваат и дефинирање на нови маркетинг можности. 
  • Можност за повремено истражување на пазарот за подобрување на вашиот производ и зголемување на лојалноста на клиентите.
  • Развивање на конверзација со членовите на вашиот целен пазар. 
  • Ефективно таргетирање на најатрактивниот целен пазар (18-35 години возраст).

А ова се само некои од бенефициите.
Нашиот тим за маркетинг преку мобилната телефонија ви нуди експертиза која ќе ве води во пронаоѓање на најдоброто решение  за “мобилизирање” на вашата кампања и брз пристап до вашите потенцијални клиенти.  Преку нашето Web базирано СМС маркетинг решение вие ќе имате можност да:

  • Креирање на сопствени смс пораки,  ‘зборувајте’ со потенцијалните потрошувачи кога за тоа имате потреба,  со сигурност дека пораката ќе биде соодветно презентирана на нивните мобилни телефони.,
  • Автоматизирање на процесот на менаџирање со СМС кампањи. 
  • Креирајте и имајте прегледност на анализите на вашите кампањи.

За време од  60 секунди  праќање на над 5000 смс пораки и пристигнување на истите до крајните корисници во истиот  временски интервал. (можност за таргетирање точен временски период од денот).

Доколку сакате да ја започнете вашата кампања веднаш ние имаме решение за вас !  marketing@megastore.com.mk

4. Претставување на производ на главната страна

Определен производ по избор на оној што рекламира, да се прикаже на главната страна на Интернет хипермаркетот megastore.com.mk со детален опис итн.

0 Артикли
Прегледај  |  Потврди
English Albanian
1. Комбинирана количка со три тркала за близнаци DOMINO
2. Седиште за кола "Felice"
3. Комбинирата количка ULTRA
4. VIVAX HOME ORH-92001 B
5. JMA – Блокатор за мобилни телефони
Најдовте нешто интересно? Препорачајте го на пријател.
 Вашето име и презиме
 E-mail на вашиот пријател
 
Пишете ни...
Јавете ни...
Бидете наш пријател на Facebook
Во моментот има 102 посетител(и) / 0 регистриран(и) клиент(и) online
Copyright © 2009 МЕГАСТОР УВОЗ - ИЗВОЗ ДООЕЛ
Често Поставувани Прашања
Правила и услови...