Како да порачате | Ваучер - ЧПП | Гаранција | Методи на плаќање | Заштита на лични податоци | Рокови и испорака | ЧПП | Контакт | За нас | Маркетинг
Добредојдовте Посетителу!
Ве молиме најавете се или
регистрирајте се
E-mail
Лозинка
Ја заборавивте лозинката?
Детално пребарување
Барај: Барај
Skip Navigation Links
Артикли со видео презентација
Комбинирана количка Maxima x3M
18100,00 ден.
Миксер со постоље ELTA HM-210
2690,00 ден.
Погледнете кој е изборот на Мегастор
Гаранција

Сите производи во megastore.com.mk - интернет хипермаркет - се нови од официјални увозници и претставници.
На секој приозвод е назначен рокот на гаранција. Ние одговараме за недостатокот на соодветност на купениот производ со договорот за продажба, согласно Законот за заштита на корисниците.


Гаранција и рекламација

Гаранција

Сите права на потрошувачот, кои се однесуваат на делот „гаранција и рекламација“, се подлежни на законот за заштита на потрошувачите.
Во случај на фабрички или дефект настанат во процесот на производство, кој е забележан веднаш по приемот на производот во присуство на доставувачот, ве молиме веднаш обратете се на тел.  + 389 46 61 12 12 . Условите за рекламација на купени производи од Мегастор ДООЕЛ се опишани подолу.

Секој производ, со кој што следува гаранција, се испорачува до клиентот заедно со гарантен лист во кој се напишани:

  • Адреса и телефон на овластени сервиси за производот;
  • Гарантните услови на соодветните сервисни центри или производители;
  • Гарантен рок на купениот производ.

Производи купени од категоријата „секс помагала“ не можат да се заменат. Пред артиклот да биде испратен се проверува неговата техничка исправност од увозникот (ако тоа е возможно, без да се наруши целоста на амбалажата) и целосноста на опаковката. Имајќи ја предвид деликатната намена на овие производи, со самото пристигнување на вашата адреса, тие не можат да бидат заменети, освен во случај на очигледно оштетување при транспорт, под услов оригиналната амбалажа да не е отворена. Поради оштетување при транспорт искористете го правото на рекламација напишано подолу. Ако констатирате фабрички дефект или неисправност, кој не е поради неправилна употреба, ве молиме да направите рекламација на нашата е-пошта info@megastore.com.mk. Секој случај ке биде разгледан индивидуално. Одговор од нас ке добиете на вашата е-маил адреса во рок од 24 часа.

При оштетување во рамките на гарантниот рок (за производи со гарантен лист издаден од  Мегастор), производот се испраќа до канцелариите на Мегастор на сметка на нашата компанија. Откако ќе се отстрани штетата се враќа на клиентот, на сметка на Мегастор. Враќањето и испраќањето е со фирмата превозник која Мегастор ДООЕЛ ја посочува како свој партнер.
За сите останати производи, важат гарантните услови на соодветниот производител или овластен сервисен центар. Во сервисните центри важат единствено оригиналните гарантни листови, со кои е добиен производот. Освен гарантниот лист во многу случаи се бара и фискална сметка, фактура или сметкопотврда за продажбата, за гаранцијата да биде валидна.
Клиентот е должен како совесен граѓанин уредно да ги чува сите документи и амбалажи кои пристигнуваат со производот.

Услови за враќање на купениот производ

Ако поради некоја причина клиентот посочил друг производ од оној кој сакал да го порача, и до самото испраќање на порачката не ја увидел грешката, може да се јави во канцелариите на Мегастор, за да се консултира како ќе се продолжи со испораката. Секој случај се разгледува индивидуално. Трошоците за враќање на производ и испраќање на нов се на сметка на клиентот. Ако новата порачка е поскапа, се доплаќа разликата.
Во случај клиентот да сака да врати испратен производ, може да го искористи правото во рок од 7 работни дена од датата на продажбата. Задолжителен услов е купените производи да се без оштетена амбалажа и да не се користени. Производот може да биде вратен во Мегастор ДООЕЛ преку доставувачот со кој има склучен договор. Транспортните трошоци се на сметка на клиентот и не се враќаат. Откако вратениот производ ќе се провери од вработените во Мегастор, вредноста што е платена за производот без транспортните трошоци се враќа на клиентот – лично или на банкарската сметка на клиентот. Секој клиент може да го користи правото производот да му биде заменет со друг производ по избор.
Не се заменуваат следните производи:

  • Сите производи купени од категоријата „секс помагала“

Истите можат да бидат вратени во рок од 7 работни дена од датата на купување ако се со неоштетена амбалажа и не се користени. Трошоците за враќањето на производите се на сметка на клиентот и не се враќаат.
Во случај на враќање на веќе купен производ и зачувување на целоста на амбалажата, Мегастор ја враќа сумата на вредноста на производот. Сите трошоци, кои клиентот ги направил за добивањето и враќањето на производот, се на негова сметка.

Откажување на нарачка

Клиентот има право да ја откаже нарачката на производ при еден од овие услови:

  • Испратениот производ не е соодветен на порачаниот производ, и тоа може да се установи преку обична проверка.
  • Цената, која клиентот се согласил да ја плати, не соодветствува на цената која ја должи.
  • При несоодветност на купениот производ и испратениот производ, која не било возможно да се установи во моментот на испорака, клиентот може да бара испорачаниот производ да биде заменет со производот кој го порачал во рок од 24 часа од добивањето на пратката.
  • Клиентот има право, без да плаќа оштета, да се откаже од добиениот производ во рок од 7 работни денови, од денот на добивањето на пратката. Во тој случај клиентот треба да го врати производот во оригиналната амбалажа, со ненарушена целосност и некористен. При неисполнување на овие услови Мегастор ДООЕЛ го задржува правото да не го прима вратениот производ и соодветно да не ги исплати направените трошоци за купување од страна на клиентот.
  • Во случај на откажување на веќе купен производ и исполнување на условите за целосност на амбалажата, Мегастор ја враќа сумата на вредноста на производот. Сите трошоци, кои клиентот ги направил за добивање на производот и неговото враќање, се на негова сметка.
  • Ако трето лице се ангажира да го прими и потврди  производот порачан од клиент, кој ја направил и платил нарачката, истото нема право да го врати производот. Во случај на видливо оштетување на пратката во моментот на нејзиното испорачување, третата страна може да го откаже подигнувањето на пратката или да ја земе на своја одговорност. Во случај да прифати таква пратка и не ги изјави своите намери кон таква пратка пред доставувачот, клиентот го губи правото на рекламација.

Рекламација

  • На рекламација подлежи секој производ кој не одговара на порачаниот производ од клиентот. Клиентот може да ја откажи пратката уште при добивањето од доставувачот и да не ја подигне од него. При очигледно несоодветствување на примената пратка со направената нарачка, веднаш обратете се на тел.  +389 46 61 12 12 .  Несоодветноста се проверува по името на производот во нарачката и името на производот кој што пристигнал кај клиентот. При воочување на таква грешка, клиентот го враќа производот на сметка на Мегастор и му се испраќа точниот производ на сметка на Мегастор ДООЕЛ.
  • На рекламација не подлежи производ за кој клиентот бил претходно предупреден за дефект.
  • Ако при добивањето на нарачката производот е со оштетена или искината амбалажа, рекламацијата ќе биде прифатена само во присуство на доставувачот при самота испорака на производот. Во тој случај веднаш обратете се на тел. +389 46 61 12 12  или не примајте ја пратката од доставувачот.
  • На рекламација нема право лице кое се појавува како трета страна при добивањето на нарачката и тоа не ја платило нарачката.

Вршење на рекламации

Рекламации се вршат по следниов редослед:

  • Пополнување на формулар за рекламација со детално опишување на причините за рекламацијата. Формуларот е за производи кои немаат гарантен рок од производителот. Се пополнува само во случаите кога клиентот сака да ги заштити своите права и да го запази рокот од 7 работни денови од пристигнувањето на нарачката.
  • Откако Мегастор ќе го добие формуларот, ќе испрато одговор на електронската пошта што клиентот ја посочил при купувањето. Мегастор има право да не ја прифати констатацијата на клиентот ако процени дека рекламацијата е неоснована или штетата е настаната поради неправилна употреба на производот.
  • Во случај кога од добиениот формулар не е јасно кои се причините за конкретната рекламација, Мегастор го информира клиентот за неговите права по телефон или е-пошта.
  • За секој производ вратен со рекламација, се извршува проверка од комисија, која го вклучува увозникот или производителот на производот (и присуство на клиентот, ако тоа е негова желба), по која се одлучува дали рекламацијата ќе се прифати или отфрли.
  • Доколку рекламацијата биде прифатена, Мегастор го известува клиентот по телефон или е-пошта и има обврска да: 
    • испрати на клиентот нов производ од истиот вид на сопствена сметка;
    • во случај кога не може да биде доставен ист таков производ, се предлагаат варијанти на производи со иста вредност кои клиентот може да ги избере;
    • во случај кога не може да се предложи ист или сличен производ, Мегастор ја враќа сумата платена за тој производ.
  • Доколку пријавената рекламација не биде прифатена од страна на комисијата, Мегастор го известува клиентот за ситуацијата преку телефон или е-пошта. Рекламираниот производ се враќа на клиентот по начин на кој му одговара, при што трошоците за транспорт се на сметка на клиентот.
  • Ако во 30 дневен рок по известувањето на комисијата, клиентот не го побара производот назад, Мегастор има право да го задржи производот и не должи никакви суми, како за вредноста на производот, така и за направените трошоци за нивниот транспорт.
    Со читањето на овие услови, а потоа и со користењето на услугите на Мегастор, вие како клиент безусловно се согласувате со нив.

Како што Мегастор ДООЕЛ константно се подобрува и адаптира, горенаведената политика за гаранција и рекламација е подлежна на промени. Доколку има некои измени или додавања на оваа полиса, измените ќе бидат поставени тука или во друга форма и ќе бидат подлежни на ваша ревизија.

ЧПП

1. Дали производите имаат гаранција?
Гаранцијата на производите (ако има таква) е појаснета во информацијата за соодветниот производ на страната на megastore.com.mk. Гаранцијата важи само доколку ја поседувате гаранција испорачана заедно со артиклот, на која е назначен соодветниот сервис.

2. Производот којшто го порачав е со дефект, што да направам?
Најпрво, уверете се дека дадениот производ навистина има некаков дефект, а не е прашање на незнаење или недоразбирање. Ако навистина утврдите проблем, проверете дали производот е со гаранција и поврзете се со соодветниот сервис.
При оштетување на производ кој е со гаранција од megastore.com.mk, можете да се поврзете со нас и да го донесете производот во нашата канцеларија.

3. Го добив производот без гаранција.
Некои од производите кои се со рок на гаранција под една година се без гарантен лист. Се водат само по сериски број кај увозниците. При каков и да е проблем со таков производ треба да се обратите кај нас.

0 Артикли
Прегледај  |  Потврди
English Albanian
1. Комбинирана количка со три тркала за близнаци DOMINO
2. Седиште за кола "Felice"
3. Комбинирата количка ULTRA
4. VIVAX HOME ORH-92001 B
5. JMA – Блокатор за мобилни телефони
Најдовте нешто интересно? Препорачајте го на пријател.
 Вашето име и презиме
 E-mail на вашиот пријател
 
Пишете ни...
Јавете ни...
Бидете наш пријател на Facebook
Во моментот има 41 посетител(и) / 0 регистриран(и) клиент(и) online
Copyright © 2009 МЕГАСТОР УВОЗ - ИЗВОЗ ДООЕЛ
Често Поставувани Прашања
Правила и услови...