Како да порачате | Ваучер - ЧПП | Гаранција | Методи на плаќање | Заштита на лични податоци | Рокови и испорака | ЧПП | Контакт | За нас | Маркетинг
Добредојдовте Посетителу!
Ве молиме најавете се или
регистрирајте се
E-mail
Лозинка
Ја заборавивте лозинката?
Детално пребарување
Барај: Барај
Skip Navigation Links
Артикли со видео презентација
Комбинирана количка Maxima x3M
18100,00 ден.
Миксер со постоље ELTA HM-210
2690,00 ден.
Погледнете кој е изборот на Мегастор
Рокови и испорака


1. Како се врши испораката?
2. Се плаќа ли испораката?
3. Колкав е рокот на испорака?
4. Кога се доставуваат прозводите?
5. Можам ли да дојдам и да си купам производ во канцелариите на megastore.com.mk ?
6. Како да ја откажам веќе направената порачка ?
7. Што означува статусот на порачката во мојот акаунт кој го креирав на www.megastore.com.mk ?

 

1. Како се врши испораката?
Дали се носи на адреса, до пошта или со превозник-фирма.

Испораката на производите  се извршува со фирма превозник на адресата која е посочена во порачката. Доколку сакате, можете да го подигнете производот од канцелариите  на megastore.com.mk во Скопје и Охрид или од канцеларијата на фирмата превозник „Карго експрес“ во градовите во кои тие имаат представништво, а тоа може да се обележи во полето за коментар, кога ја правите порачката. При подигнување на производот на лице место (од канцеларијата на megastore.com.mk) се плаќа цената за испорака посочена во порачката или дадена од страна на нашиот оператор кој ве контактирал.

2. Се плаќа ли испораката?
Колку чини испораката на производ од megastore.com.mk?

Цената за испорака на производите се определува од тежината и волуменот на производите, а при порачка на производи се плаќа вкупно, а не одделно за секој производ. Има некои прозводи кои се обележани и се со бесплатна испорака .
Приближни ориентациони цени за испорака на производи од  www.megastore.com.mk  до  вашиот дом на територијата на Р. Македонија.:

Напомена: Цените може да варираат во зависност од локацијата каде што се испорачуваат производите и од гломазноста (волуменот) на пратките.
Кога ќе извршите  порачка, за цената на испорака ќе ве контактира еден од нашите оператори на контакт телефонот кој сте го оставиле при регистрација на страната. Испораката се активира после ваше потврдување на порачката на операторот.

3. Колкав е рокот на испорака?
За колку време ќе го добијам порачаниот производ?

Рокот за доставување на производот  зависи од тоа во кој град на Р. Македонија сакате да се изврши испораката. Во зависност од тоа најбрзо можете да го добиете за 24 часа а најмногу за 5 работни дена.

4. Кога се доставуваат прозводите?
Ќе ми се јави ли доставувашот  пред  да дојде на адресата?

Испораката се извршува со фирма превозник во работно време од 10:00 дo 17:00 часот и тие не се јавуваат пред  да дојдат на адресата. Пожелно е да дадете адреса на која може да се подигне производот од 10:00 до 17:00 часот (на пример, службена адреса). Ако нема никој на адресата при пристигнувањето на доставувачот, се остава соопштение од фирмата превозник со телефон за врска и можете да се јавите за повторна испорака на производот.

5. Можам ли да дојдам и да си купам производ  во канцелариите на megastore.com.mk?

Megastore.com.mk не е реална продавница и немаме производи во нашата канцеларија. За да земете производ од нашата продавница треба прво да си направите порачка и да обележите во полето за коментар дека сакате да го подигнете производот од нашата канцеларија. При подигање на производ од нашата канцеларија се плаќа цената за испорака обележана во порачката.

6. Како да ја откажам веќе направената порачка?
Ако имате направена порачка и сакате да ја откажете, ве молиме пишувајте ни (sales@megastore.com.mk) или обратете се на телефон во нашата канцеларија, а воедно треба и да го соопштите и бројот на порачката.

7. Што означува статусот на порачката во писмото?
Откако сте направиле порачка ќе добиете неколку писма кои ја одразуваат обработката на порачката. Значење на статусите:

  • Непроверена - кога ќе направите порачка со плаќање при испорака, порачката не е проверена сe додека не се поврземе со вас по телефон за да ја потврдиме порачката и да ја појасниме испораката. 
  • Пријавена - порачката го добива овој статус кога е пријавена во магацинот за подготовка, пакување и испраќање.
  • Проверена - порачката е потврдена од клиентот за испраќање.
  • Испратена - означува дека порачката е предадена на фирмата превозник за разнесување и Вие ќе ја добиете брзо.
  • Испратена/платена – се одесува на порачки кои се платени авансно и означува дека се без налог за плаќање. 
  • Доставена - означува дека имаме потврда од фирмата превозник за успешна доставка на порачката.
  • Откажана - клиентот ја откажал порачката. Порачката се анулира и нема да се обработи.
  • Е-маил - означува дека ви е испратено писмо за потврдување на порачката. Обично тоа значи дека сме успеале да се поврземе со вас по телефон за да ја потврдите порачката. Ве молиме проверете си ја поштата за дополнителни детали.
  • Порачката чека - порачаниот производ моментално го нема во магацин, но се очекува негова  достава за неколку дена. Клиентот е информиран и е согласен да ја почека доставата.
  • Ја нема во магацин - пријавениот производ е потрошен и не се очекува нова достава. Порачката не може да биде исполнета и се анулира.
0 Артикли
Прегледај  |  Потврди
English Albanian
1. Комбинирана количка со три тркала за близнаци DOMINO
2. Седиште за кола "Felice"
3. Комбинирата количка ULTRA
4. VIVAX HOME ORH-92001 B
5. JMA – Блокатор за мобилни телефони
Најдовте нешто интересно? Препорачајте го на пријател.
 Вашето име и презиме
 E-mail на вашиот пријател
 
Пишете ни...
Јавете ни...
Бидете наш пријател на Facebook
Во моментот има 40 посетител(и) / 0 регистриран(и) клиент(и) online
Copyright © 2009 МЕГАСТОР УВОЗ - ИЗВОЗ ДООЕЛ
Често Поставувани Прашања
Правила и услови...